Музички делириум на концертот на „Црвена јабука“ во Скопје, затоа што „тамо где љубав почиње“ е песна на екс-ју генерациите

За вчерашниот концерт на „Црвена јабука“ кој се одржа во Филхармонија уште долго ќе се зборува. Музички делириум, во кој Жера  ги пееше најубавите рефрени. Оние кој враќаат во времето на бившата држава, и за кој емотивно се врзуваат,  баш екс-ју генерациите,  кои наизуст ги знаат од прва до последна песните на култниот сараевски бенд.

Салата беше полна до последно столче. Атмосферата топ. И неверојатна публика која уште на првата песна, ама буквално, беше на нозе и не седна до крај на концертот. Љубовната “Са твојих усана“ само најави дека следи вечер полна со љубов и емоции.

Како се редеа песните не се знаеше кога е кулминација и кој сè е во транс. Дали Жера, сосе црвените старки како заштитен знак скоро 40 години. Голиот тапанар кој редовно се соблекува на настапи кога ќе стане неиздржливо добро или пак, публиката,  која ги знаеше до збор сите песни па беше поглсна и од  бендот.

И денес со ист жар звучеа безвременските „Стижу ме сјечања,  “Некако с прољеќа“, „Бјежи кишо с прозора“„То ми ради“, Да није љубави“, „ Туго несреќо“, „Дирлија“…и која уште не. Песни кој посетуваат на едни поубави времиња, а сепак, со новите аранжмани изгледаа како да се снимани вчера.

„Запалете ги телефоните, за двете ѕвездички на небото, Зијо и Аљоша“, рече Жера пред да ја испее „Туго несреќо“, песна во која публиката беше погласна од него. Со ова тој потсети на своите колеги и пријатли кои загинаа во сообраќајна несреќа кај Мостар, пред Жера да стане вокла на групата.

Бендот ја испеа и „Ако умрам или загинам“ на Јонче Христовски,  но и „Македонија“ на Дадо Топиќ и тоа беше емотивен момент кој остави впечаток.

Концерт полн со емоции, љубов. Концерт на кој никој не седеше и на кој кој се пееше во еден глас. Концерт на кој немаше песна која не се знаеше од почеток до крај.

Црвена јабука“ одлични во Скопје, затоа што “тамо где љубав почиње“, е песна на екс-ју генерациите. Вечерва во 20 чаот е закажан уште еден концерт на култниот бенд.

Организатори се „Авалон“ продукција.

Александра Георгиев

 

Scroll to Top