Рис Витерспун и нејзиниот сопруг се разведуваат. Двојката ја соопшти веста на Инстаграм, само само неколку дена пред 12 -годишнината од бракот.
„Имаме да споделиме лични вести. Со големо внимание и обѕирност ја донесовме тешката одлука да се разведеме“, велат во изјавата, „Уживавме во толку прекрасни години заедно и продолжуваме напред со длабока љубов, добрина и взаемна почит за сето она што го создадовме заедно. Овие работи никогаш не се лесни и се исклучително лични. Навистина го цениме почитувањето на сите за приватноста на нашето семејство во овој момент“, велат во објвата.
Витерспун и Тот се венчаа во 2011 година. Заедно го имаат 10-годишниот син Тенеси.
Извор изјави за списанието Пипл дека тие остануваат најдобри пријатели додека минуваат низ пријателски развод. Витерспун има и две деца со поранешниот сопруг Рајан Филипе – ќерката Ава (23) и синот Дикон (19).