Оскаровката Бри Ларсон призна дека на улица луѓето не ја препознаваат

Американската глумица Бри Ларсон неодамна во интервју за Harpers Bazaar, рече дека во јавноста ретко кој од фановите ја препознаваат на улица. Исто така додаде и дека не и пречи тоа што ретко кој ја сопира за да ѝ побара афтограм.

Ларсон се потсети на една ситуација на една претстава, каде влегла со еден нејзин пријател, но никој од гостите не ја приметил. Слична ситуација имало и додека пазарувала.

„Кога ќе одам по намирници, никој не ме препознава. Некои луѓе ќе ми пријдат и ќе ме прашаат дали сум пријателка на некој нивен братучед. Изгледа имам таков лик“, рече Ларсон.

За потсетување, Ларсон во 2016 година доби Оскар за најдобра глумица во филмот Room, а има добиено уште многу други голем број награди како „Прајмтајм Еми“, „БАФТА“ и две BFCC награди. Најмногу е позната по улогата во филмовите на „Марвел“.

 

Scroll to Top