Опсесивен донор на сперма е татко на 550 деца: холандски музичар сега мора на суд затоа што ги лажел мајките

Холандски суд се обидува да натера музичар да прекине со донирањето сперма, поради сомнение дека е татко на стотина деца ширум светот. Според фондацијата Donorkind, која го тужи Џонатан Џејкоб Мејер, музичарот измамил стотина жени ширум светот и сега најверојатно е татко на 550 деца.

Мејер, од Хаг во Холандија е ставен на црната листа од 2017 година, откако Холандското здружение за акушерство и гинекологија предупреди дека е татко на 102 деца преку десет различни клиники во Холандија. И покрај обвинувањата, тој продолжил да донира во странство, во Данска и Украина.

Своите услуги ги нудел преку веб-страна, социјални мрежи и преку холандскиот новински сајт AD. Ева е една од жените Холанѓанки која има судски спор со него, затоа што добила дете во 2018 година. Рече дека ѝ било мака кога дознала дека татко на толку деца.

„Да знаев дека веќе имаше повеќе од 100 деца, никогаш не би го избрала него. Кога размислам за последиците кои може да ги има моето дете, ми станува мака. Многу мајки му зборуваа дека мора да престане, но ништо не помага. Сега судот е единствената опција која ја имам за да го заштитам детето“, рече Ева.

Ева и фондацијата Donorkind сакаат да го спречат Мејер и да ги откријат сите клиники каде имал донирано сперма. Го обвинија дека излажал стотина жени за бројот на деца кои ги имал. Додаде дека сака да ги уништи сите негови донации.

„Тој има глобален домет преку интернет и соработува со голем број меѓународни банки за сперма.

Адвокатот на Ева, Марк де Хек, рече дека ваквото однесување е опасно за менталната благосостојба и здравјето на децата донатори.

„Преферирајќи го својот репродуктивен нагон, донаторот дејствува противправно. Освен тоа ги крши дговорите со клиниките и со идните родители, затоа што тие му веруваат дека е татко на најмногу 25 деца.

 

 

Scroll to Top