Пејач и бивши учесник во „Задруга“ претепан во Белград, завршил на Ургентен со повреди на главата

Пејачот Никола Грујиќ, познат и како поранешен учесник во шоуто „Задруга“, синоќа бил претепан пред локал во Белград, пренесоа тамошните медиуми. Во тепачката учествувале неколку лица, а Грујиќ се здобил со повреди на главата. Причината за тепачката наводно е затоа што одбил да продолжи да пее.

Укажана му е лекарска помш во Ургентнио центар, каде му биле константирани полесни телесни повреди. Никола бил сослушан и во полиција, каде рече дека бил нападнат пред еден локал и дека го тепале неколку лица. Го удирале со раце и нозе.

За потсетување, Грујиќ учествуваше во реалното шоу „Задруга“, каде ја изневери неговата сопруга Лилјана, со сега актуелната учесничка во шоуто Мима Шарац.

Неговата сопруга рече дека не сака да се пресметува со него и неговата љубовница преку медиумите.

 

Scroll to Top