Дваесет и осумгодишната Џенифер Памплони од Лос Анџелес, потрошила повеќе од половина милон долари за да изгледа како Ким Кардашијан. Направила голем број естетски операции и ставила филери на лицето. Имала операција на задникот, извадила неколку ребра, ставила ботокс и силиконски гради.
На крајот сите овие операции и предизвикале бројни здравствени проблеми и компликации. Џенифер рече дека првата операција ја направила кога имала само 17 години. Ја молела баба ѝ да потпише документ со кој ќе може да ги зголеми градите.
Една од најтешките операции и била вадењето ребра. Потоа направила десетина интервенции за зголемување на задникот, три на градите и две операции на носот.
Ги зголемила усните, јаболчници, имала интервенција за подигање на лицето и очните капаци и 500 пати стаивла ботокс на лицето.
„Направив многу операции за да изгледам како Ким. Бев среќна што заработував заради мојот изглед и уживав во животот. Но, сега тоа се промени“, рече Џенифер.
Рече дека животот ѝ се претворил во ноќна мора кога луѓето почнале да ја нарекуваат Ким.
„Тоа почна да ме излудува. Работев, студирав и станав деловна жена, а сите пари кои ги заработував ги трошев за да изгледам како Ким. Не сакам да бидам сенка на некој друг, сакам да сум своја“, додаде таа.
Џенифер тогаш сватила за нејзината опседнатост со операциите и се каше што на време на обрнала внимание за овој здравствен проблем. Една од бројните естетски операции кои ги имав не завршила како што планирала, па се соочила со сериозни проблеми.
„Моето лево око не сакаше да се затвори по операцијата. Испаничив и си помислив дека ќе ослепам. Не можев да го поместам лицето. Беше страшно“, раскажува Џенифер.
Таа одлучила да го промени животот од корен, па главната цел и била да ги одврати жените од пластични интервенции. Ги советувам девојките и жените да не се оперираат, затоа што тоа не ги решава нивните проблеми, а лесно може да станат зависни од естетски интервенции“, рече таа.
Сега работи на документарец под името „Зависност“, во кој ги истакнува проблемите со зависноста од пластична хирургија и естетските процедури.
„Бев сериозен зависник. Сега работам да го вратам природното лице“, додаде таа.