Северина прогласена е за виновна од судот во Загреб и казнета за прекршок од член 17. од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно за навреда на социјална работничка.
Северина во своја одбрана негирала вина. Пејачката има право на жалба. Во членот 17., според кој Северина е казнета, гласи: Тој што ќе навреди или навредува државни органи или службени лица при вршење или во врска со извршување на нивните должности или нивни законски наредби, ќе се казни за прекршок со парична казна во износ од 20,00 до 100,00 евра или со затворска казна до 30 дена.
Според обвинението, Северина минатата година на Денот на вљубените навредила социјален работник во Центарот за социјални грижи „Максимир“. Центарот за социјални работи до СВР во Загреб поднеле пријава за нарушување на јавниот ред и мир, за навреда и омаловажување службено лице.
Според пријавата, пејачката се јавила во Центарот за социјални работи и вербално и агресивно се однесувала кон социјалниот работник во случајот. Според сведочењето на социјалната работничка, Северина не бирала зборови во разговорот со неа.
Пејачката ја прашала социјалната работничка со кое право да испрати друга социјална работничка на нејзината адреса да ја посети нејзината мајка. Социјалната работничка во извештајот навела дека се обидела да и објасни дека Центарот мора да постапи по секоја пријава за сомнително насилство што им ја доставил член на нејзиното семејство.
Социјалната работничка пред судот изјавила што и кажала Северина. Пејачката наводно ја навредувала социјалната работничка откако Центарот за социјални работи се вклучил во нејзината расправија со нејзината сестра Маријана која живее во Белград.