Ѓоковиќ ќе може да игра на УС Опен

Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на УС Опен, откако Американскиот Сенат изгласа укинување на националната декларација за вонредна состојба предизвикана од пандемијата со коронавирусот која ја воведе бившиот претседател Доналд Трамп на почетокот на 2020 година, пренесоа медиумите.

Горниот дом на САД, со 68 гласови „за“ и 23 „против“, ја донесе одлуката за прекинување на вонредната состојба. Минатиот месец, Претставничкиот дом исто така гласаше со 229 „за“ и 192 „против“ за укинување на декларацијата.

Се очекува американскиот претседател Џо Бајден да стави потпис и да ја одобри оваа одлука. Вонредната состојба треба да биде укината во мај, така што сите невакцинирани страни ќе можат без проблеми да влезат во Америка.

Меѓу нив ќе биде и Новак Ѓоковиќ кој ќе може да настапи на летната американска турнеја, мастерсите и УС Опен, кој е на програмата од 28 август до 10 септември.

 

Scroll to Top