Српската актерка Лидија Вукиќевиќ блесна во секси креација од дизајнерската куќа на Елена Лука. Таа во костимот на македонската дизајнерка ја одигра премиерата на комедијата „Обвинителка“ во театарот во Штип и ги собра сите комплименти, и за изведбата и за изгледот.
Автор на претставата е Огнен Неделковски, а режијата е на Сашо Ристовски.
„Оваа претстави низ низата на динамичните дејствија, брилијатната актерска екипа, ги одговара оддамна непоставените прашања: Како е да се биде обвинител? Како е да се работи во обвинителство? Како може или неможе да се спасиш од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време“, велат организаторите.
Претставата ,,Обвинителка” првата реприза ќе ја има денес во Куманово, а веднаш потоа следува гостување во Охрид и Битола.