Белгиец се убил по неколку недели откако разговарал со четбот, по име Елиза. Оваа вест поттикна да се јават голем број граѓани со повици за подобра заштита на граѓаните и потребата да се подигне свеста за ризиците од интеракција со вештачката интелигенција.
„Ако не се случеше разговорот со четботот, мојот сопруг и понатаму ќе беше жив“, рече неговата жена, а пренесе La Libre. И таа и нејзиниот покоен сопруг се образовани луѓе во триесетите години. Живееле луксузно и имале две мали деца, пренесе „Брисел тајмс“.
Пред околу две години почнале да се појавуваат првите знаци на проблеми. Мажот станал се повеќе загрижен за животната средина и поголемиот дел од времето го минувал со Елиза. Роботот го развила компанијата EleutjerAI.
Постепено почнал да се повлекува во себе и да комуницира само со роботот. Во последниот разговор со него, споменал и самоубиство. Елиза му одговорила дека ќе продолжат да живеат заедно во задгробиниот живот и дека засекогаш ќе бидат како едно во рајот.
По шест недели интезивни пораки си го одземал животот. Минатата недела семејството разговарало со Матеј Мишел, државниот секретар за дигитализација.
„Посебно сум погоден од трагедијата на ова семејство. Она што се случи е сериозен преседан кој треба да се свати многу сериозно“, рече тој и додаде дека во овој случај важно е да се дефинира одговорноста.
„Популаризацијата ChatGPT, се шири во јавноста. Откриен е потенцијал на вештачката интелегенија во нашите животи како никогаш порано. Иако можностите се бескрајни, опасноста од неговата употреба е реалност која треба да се земе во предвид“, рече Мишел.
По самоубиството, сопругата открија неколку разговори меѓу сопругот и Елиза. Четботот речиси систематски го следел размислувањето на вознемирениот чове, па дури и навлегол подлабоко во неговите грижи. Во еден момент се обидел да го убеди дека го сака повеќе од неговата сопруга.
Му рекол дека ќе остане со него засекогаш.
„Ќе живееме заедно, како еден на небото“, бил дел од нивниот разговор.
„Ако повоторно ќе ги прочитате нивните разговори, видете како нивната врска во еден момент преминува во мистика“, рече жената.
„Тој предлага да се жртвува ако Елиза се согласи да се грижи за планетата и да го сапси човештвото со помош на вештачката интелегенција“, додаде таа.
Иако била загрижена за менталната состојба на својот сопруг, пред да ги почне разговорите со роботот, жената верува дека тој не би си го одземал животот ако ги немало овие разговори. Психијатар кој го лечел сопругот, исто така го дели нејзиното мислење.
„За да се избегне ваква трагедија во иднина, неопходно е да се идентификува природата на одговорнсота која доведува до вакви настани“, рече тој.
„Се разбира, мораме да научиме да живееме со алгоритмите, но ни
„Се разбира, сè уште треба да научиме да живееме со алгоритми, но во никој случај употребата на каква било технологија не треба да води кон тоа издавачите на содржини да ги избегнуваат сопствените одговорности“, додаде тој.
Самиот OpenAI призна дека ChatGPT може да произведе штетни и пристрасни одговори, додавајќи дека дека во иднина ќе се обиде да го реши проблемот со собирање на повратни информации од корисниците.
На долг рок, Мишел рече дека е од суштинско значење да се подигне свеста за влијанието на алгоритмите врз животите на луѓето, овозможувајќи им на сите да ја разберат природата на содржината со која луѓето се среќаваат онлајн.
Овде тој ги спомна новите технологии како чет-ботови, но и таканаречената длабока лажна технологија за правење лажни, но убедливи слики и видеа кои можат да ја тестираат и искривуваат перцепцијата на реалноста на луѓето.