Поротата подигнува обвинение против Доналд Трамп, за првпат во американската историја бивши претседател се соочува со кривична пријава

Големата порота на Менхетен изгласа обвинение против бившиот претседател Доналд Трамп поради тајните пари кои ѝ ги исплатил на порно глумицата Сторми Даниелс, пренесе „Си-ен-ен“.

Ова е првпат во американската историја сегашен или бивши претседател да се соочи со кривична пријава, пренесе „Си-ен-ен“.

Окружното обвинителство на Менхетен го истражува бившиот претседател на САД во врска со неговата наводна улога во шемата на исплатени пари и прикривање на истата во која е вклучена и ѕевздата од филмовите за возрасни Сторми Даниелс.

Одлуката сигурно ќе предизвика шокови ширум земјата, турајќи го целиот американски политички систем, кој никогаш досега нема доживеано еден од неговите бивши лидери да се соочи со кривична пријава, а уште повеќе повторно да се кандидира за претседател, во непознати води.

Обвинението е поднесено под печат и ќе биде објавено во наредните денови. Наводите засега не се јавно познати, изјави извор за „Си-Ен-Ен“.

Правната постапка против Трамп ја лансираше претседателската кампања 2024 во нова фаза, во која бившиот претседател вети дека ќе продолжи да се кандидира иако е соочен со кривични пријави.

Трамп различните истраги во кои е вмешан често ги нарекува „Лов на вештерки“, обидувајќи се да предизвика јавно мислење за нив така што ќе се претстави како жртва во политичката игра, која, како што тврди, ја водат демократски обвинители.

Како што обвинението се ближи, Трамп ги повика своите приврзаници да протестираат поради неговото апсење, повторувајќи ги неговити повици на акција, како што тоа го направи по изборите во 2020 година, додека се обидуваше да го поништи губењето на изборите од претседателот Џозеф Бајден.

Трамо долго ги избегнуваше правните последици во својот личен, професионален и политички живот. Низ годините реши низа правни граѓански тужби и го плати својот пат од споровите во врска со неговата оргранизација. Додека беше претседател, двапати беше отповикан од Домот предводен од демократите, но избегна осуда од Сенатот.

 

Scroll to Top