Новата девојка на Пике, Клара Чиа фотографирана е во друштво на нејзината свекрва, односно мајката на фудбалерот. Клара Чиа Марти и Монсерат Бернабеу, заедно на опуштена прошетка со татко на Пике и фудбалерот.
На многумина не им се допаднаа овие фотографии како и однесувањето на Пике и Клара Чиа Марти.
„Додека ја малтретира бившата, овој изгледа се грижи за неа“, „Монсерат дефинитивно изгледа како свекрва каква што никој не би ја посакал“, „Само насмевни се, за неколку години или месеци нема да се смееш така“, „Најголемиот лицемер што сум го видел“, се само дел од коментарите.
За потсетување, новинарката Лаура Фа тврди дека мајката на Пике од самиот почеток знаела за неговата врска со Клара и му помогнала тоа да го скрие од Шакира. Наводно, причината за ваквото однесување е тоа што Шакира никогаш немала добри односи со свекрвата.