Гвинет Палтроу прогласена е за невина и доби еден долар отштета за несреќата на скијање, одлучи судот

Познатата актерка Гвинет Палтроу беше прогласена за невина за несреќата на скијање во 2016 година, во која пензионираниот доктор Тери Сандерсон се здоби со сериозни повреди.

За време на изрекувањето на пресудата во судот во Јута, Палтроу наводно останала смирена, не покажувајќи никакви емоции. За потсетување, Сандерсон ја тужеше актерката за несреќата и побара отштета од 300.000 долари.

Поротниците застанале на страната на Палтроу и ѝ била доделена спогодбата што ја барала во против тужбата, а тоа било еден долар, плус судските трошоци.

Како што јави Би-би-си, Сандерсон по судењето изјавил дека е разочаран од пресудата.

По пресудата, Палтроу се огласи на Инстаграм.

„Чувствувам дека ова обвинение го наруши мојот интегритет“, напиша таа во објавата и го изрази своето задоволство и благодарност до поротниците за нивната одлука.

 

Scroll to Top