Тактиката на Путин да го уплаши светот со нуклеарно оружје успеа

Одлуката на Путин да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, успешно го одврати Западот од помош за Украина, се вели во написот на американскиот Си-Ен-Ен на аналитичарката Кира Гилс во рубриката „Мислења“.

Според неа, изјавата на рускиот претседател ги исплаши Европа и САД и ги натера да се повлечат од планот за поддршка на Украина.

„Владимир Путин минатата недела детално зборуваше за намерата на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. Налетот на алармантните извештаи за тоа што тоа значи е доказ за погрешниот став на Западот кон политиката на нуклеарно одвраќање на Кремљ“, смета таа.

Начинот на кој зборовите на Путин се толкувани во САД и Европа можеби беше изненадување за Москва, но нема сомнеж дека им беше драго што го слушаат тоа. Затоа, Русија веќе употреби нуклеарно оружје и тоа прилично успешно, не користејќи го буквално, туку играјќи си со тврдењата за потенцијални нуклеарни бомбардирања за да ефективно го одврати Западот од целосна поддршка на Украина.

„Досега требаше да научиме да ги разликуваме зборовите на Путин од реалните намери на Русија“, објаснува Гилс.

Путин не рече ништо што не е објавено уште од средината на 2022 година. Намерата објавена минатата недела не е нова, само се променети датумите за кои поретходно немавме слушнато.

Освен тоа, многумина велат дека рускиот претседател го превземал овој чекор како одговор на британската одлука на Украина ѝ испрати тенковски гранати со осиромашен ураниум. Иако Путин претходно споменуваше дека Русија соодветно ќе одговори на таквиот потег, тоа не беше главната причина за преформулираните планови во саботата.

Во целосната верзија на интервјуто, кое го објави руска телевизија, Путин отворено рече дека тоа му биле долготрајни намери, без разлика на британската изјава.

Нема сомнеж дека Русија ќе настојува да го максимизира потенцијалот со заплашување, на какви било планови за промовирање на ракетни системи со долг дострел, за да можат да претставуваат закана за големи области во Европа.

Во извештајот кој оваа недела го објави истражувачкиот центар за надворешни работи, Chatham House, е објаснето како руската тактика со нуклеарното одвраќање успешно спречи Киев да добие помош која му е потребна за победа во конфликтот, па дури и убеди некои од западните лидери целосно се откажат од поддршка за Украина.

И тоа не е само заради тоа што Путин го зборува од почетокот на специјалната операција во февруари 2022 година. Ова е резултат на долгата кампања во која беа мобилизирани сите руски медиуми, гласноговорци и авторитети. Сите тие пренесуваат само една мисла: на Москва не може да се спречи, бидејќи тоа ќе доведе до нуклеарна војна.

За успехот на оваа кампања може да се суди по тоа како се промени целосната реторика во западната политика. Идејата за управување ескалација и запирање на Русија е заменета со приоритетот целосно избегнување на ескалација на конфликтот, под претпоставка дека тоа може да го практикува само Москва. Како резултат на тоа, Путин доби слобода на делување.

Нуклеарното оружје овозможи Русија да излезе сува од водата и да ги избегне последиците на воените операции во Украина. Во тоа и помогна и информациониот екосистем, кој ја засили и играта со нуклеарните закани, не само на нејзината сопствена медиумска мрежа, туку и во западните медиуми.

 

Scroll to Top