Британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга Камила ја посетија Германија. Двајцата беа во Хамбург каде се запознаа со германските претставници на Евросонг, познатиот бенд Lord of the Lost.
Бендот дојде облечен како за на сцена. Имаше настап и го воодушеви повеќето од 1000 гости кои беа на забавата. Ја испеа песната Blood & Glitter со која ќе се претстават на на Евровизија во Ливерпул.
Членовите имаа театрален стил во комбинација на Фреди Меркјури и Дејвид Боуви. Костимите им беа од латекс. За кралот рекоа дека бил симпатичен и дека им посакал среќа на Евросонг.
„Запознавањето на кралот Чарлс беше многу убаво искуство. Тој е скромен, приземен и пријателски настроен човек. Ни посака среќа во Ливерпул и сега сме возбудени што можеме да се натпреваруваме за Германија на Евросонг“, рече фронтменот Крис Хармс, кој на Чарлс му подари плоча од бендот.
За потсетување, Чарлс ја избра Германија како прва држава која ќе ја посети кога ќе стане крал.
View this post on Instagram