Бугарскиот актер Христо Живков, најпознат по улогата во блокбастерот „Страдањата на Исус“, почина на 48-годишна возраст, по долго и тешко боледување. Живков почина во Лос Анџелес откако долго боледуваше од рак, објави „Дедлајн“. Актерот и продуцент Христо Живков е роден на 18 февруари во главниот во Софија. Дипломирал на Бугарската академија за филм и театар во главниот град, насока режија.
Набргу по дипломирањето ја добива главната улога во италијанскиот филм „Професија: Оружје“ на Ерман Олми. Во филмот го играше Џовани Медичи, а филмот од 2001 година беше номиниран за Златна палма во Кан, а освои дури девет награди Давид ди Донатело во Италија.
Следната значајна улога, по која ќе остане запаметен, е онаа на Свети Јован во блокбастерот на Мел Гибсон „The Passion of Jesus“, заедно со Џим Кавизел и Моника Белучи. Овој филм од 2004 година беше номиниран за три Оскари. Лани беше најавено дека ќе има продолжение на „Страдањата на Христос: Воскресението“, во кое требаше да игра и Живков, но целиот проект беше одложен .