Читач од усни открива што си кажале Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на денот на венчавката. Кралската свадба се одржа на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија, а церемонијата ја следеа дури 162 милиони луѓе од целиот свет, а во видеото кое стана популарно, Вилијам се врти кон Кејт и и вели дека изгледа среќно.
„Да“, одговорила Кејт и потоа го прашала дали тој е среќен.
„Да, многу, да“, возвратил тој.
Видеото стана хит на социјалните мрежи, а луѓето се воодушевени од видеото за кое сметаат дека е доказ за нивната љубов. Исто така, фановите на парот се фасцинирани од нивната венчавка и се сеќаваат колку било романтично сè, како од бајка . Исто така, кружи уште едно видео во кое ги кажуваат нивните завети на свадбата.