Куќата во Лос Анџелес каде живееше холивудскиот пар Бред Пит и Анџелина Џоли и нивните деца, актерот ја продал за 39 милиони долари.
Првично парот куќата ја купил за 1,7 милиони долари. Имотот првично бил проценет на 45 милиони долари, во јануари.
Имотот се простира на 4.000 квадратни метри има сала за бал, домашно кино, тениско и скејт-игралиште, базен, гаража, помошна куќа и езеро. Куќата ја купил во 1994 година од Касандра Петерсон и со текот на времето ја проширил градината купувајќи повеќе околно земјиште.
Бред Пит во куќата живеел со семејството се до нивното разделување во 2016 година, па сега, наводно, сака да се пресели заради својата нова девојка – дизајнерката за накит Инес де Рамон.
Двојката се заедно од ноември. А, според „Дејли мејл“ и извор близок до ѕвездата, Бред ја запознал Инес со децата што ги има со Анџелина – Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Нокс и Вивиен.