Хрватската пејачка Северина доби ослободителна пресуда во тужбата против Милан Поповиќ за психичко насилство.
Бившиот сопруг на пејачката, Милан Поповиќ ја тужеше Северина за психичко насилство врз него во 2021 година, и тоа преку интервју за „Х-алтер“. Вишиот прекршочен суд во Загреб ја одбил жалбата на Поповиќ против првостепената пресуда од мај 2022 година, со која Северина била ослободена од обвиненијата.
Судот одлучил дека интервјуто на Северина не спаѓа во сферата на психичко насилство и дека не е извршена форма на психичко насилство од дефиницијата за психичко насилство.
Инаку, српските медиуми пишуваат дека Северина денеска завршила во Прекршочниот суд поради нова пријава за семејно насилство, а како што дознаваме станува збор за дополнително рочиште на кое се земаат дополнителни изјави на сведоци.
Во март се дозна дека Северина била незаконски осудена на парична казна за навреда и омаловажување на социјален работник минатата година. Северина не навредувала, туку протестирала поради незаконското однесување на Центарот и најавила дека ќе ги пријави и јавно ќе го објави нивното незаконско однесување. „Северина ќе се жали на оваа одлука“, изјавил нејзиниот тим за хрватски „Индекс“.
Во врска со случајот во кој Северина е неправедно осудена за прекршок по член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, од тимот на Северина тогаш изјавиле дека станува збор за разговор со вработена што се случил откако на пејачката и било кажано дека Центарот за социјални грижи да дојде да провери во какви услови живее мајката на Северина.