Групата од Ријека „Лет 3“ кои оваа година ќе ја претставуваат Хрватска на Евровизија во Ливепул, стана вистинска сензација откако членовите во февруари дојдоа во Опатија со трактор.
За Евросонг одлучиле да направат нов трактор во златна боја. Откако членовите на групата се вратија од Тел Авив, денеска во Кастав го претставиле нивниот електричен трактор со кој планираат да го освојат Ливерпул.
„Со него имаме намера да одиме во Ливерпул на Евровизија. Тракторот е всушност симбол на трансхуманизмот. Златен трактор, електричен трактор. Веќе не користиме фосилни горива. Се бориме за зачувување на природата“, велат тие.
На презентацијата на тракторот зборувал и Зоран, човекот кој го направил тракторот.
„Се надевам дека успеав да направам вистинска пушка против човечката глупост. Ми требаа дваесетина дена да ја направам“, рекол тој.
Инаку, „Лет 3“ беа во Полска и Израел на промо турнеја пред Евровизија.