Во Лидл во Лесковац пак се испотепаа. Снимена нова тажна ситуација кога муштериите, најмногу пензионери, се тепале за свинска плешка од 400 динари на распродажба, па дури почнале да се удираат со чадори, пишува сајтот Решетка.
„Работата е што не само што беше евтин, туку беше ограничен на само три килограми. Оваа слика е тажна и покажува колку всушност „добро“ живееме “, коментира читателка на Решетка, која е и автор на ова видео.
Во второто видео, покрај генералниот грабеж за евтино месо, може да се видат и сцени како се борат меѓу себе со чадори.