Британското кралско семејство доби повеќе од милијарда фунти приход од имот

Кралот Чарлс Трети и покојната кралица Елизабета Втора добија исплати од повеќе од 1 милијарда фунти од двете војводства, кои се предмет на вековна дебата за тоа дали нивната добивка треба да биде јавно објавена.

Истрагата, спроведена од Гардијан, ја утврди скалата на приходот на кралското семејство од војводствата Ланкастер и Корнвол, кои вклучуваат огромни површини земја, имот и други содржини, ширум Англија, објави Ројтерс.

Двете војводства работат како професионално управувани империи на имоти кои управуваат со делови од обработливо земјиште, хотели, средновековни замоци, канцеларии, продавници и некои од врвните луксузни имоти во Лондон. Тие исто така имаат значителни инвестиции, но не плаќаат корпорациски данок или данок на капитална добивка. Сметките на војводствата, кои се чуваат во Парламентарниот и Државниот архив, откриваат како кралицата и нејзиниот првороден син, тогаш војводата од Корнвол, имаа корист од огромниот пораст на нивниот приход од војводствата за време на нејзиното седумдецениско владеење.

Минатата година нивниот приход во војводството беше 41,8 милиони фунти. Прилагодено на инфлацијата, парот доби еквивалент на повеќе од 1,2 милијарди фунти вкупен приход од двете војводства. Добивката од Војводството Ланкастер, која се состои од 18.481 хектари рурално земјиште, пред се на северот на Англија и Мидлендс, автоматски преминува на кој и да е на тронот.

Самиот имот е проценет на 652 милиони фунти. Војводството Корнвол, кое зафаќа 52.450 хектари и претежно се наоѓа на југозападниот дел на Англија, вреди повеќе од милијарда фунти.

Scroll to Top