Меган Маркл и принцот Хари наводно би можеле да бидат гости на овогодинешната Мет Гала, доколку успеат да добијат покана за престижниот настан, пишува „Мирор“.
Војводата и војвотката од Сасекс би можеле да го направат своето модно деби на првиот ден од мај, само неколку дена пред крунисувањето на кралот Чарлс.
„Со себе би донеле вистинска епска драма“, изјавил славн ПР експерт, Маја Ријаз.
Принцот Хари би станал првиот член на кралското семејство што ќе присуствува на Мет Гала, доколку парот добие зелено светло да присуствува. Имаше шпекулации за тоа дали ќе бидат поканети на црвениот тепих, но водечки експерт за публицитет изјавил дека тврдењата дека нема да одат се смешни.
„Шпекулациите дека Меган и Хари нема да добијат покани за Мет Гала поради драмата околу нив се прилично смешни“, открил ПР експертот, Маја Ријаз.
Таа рекла дека Хари и Меган би можеле да ја одбијат можноста да присуствуваат ако одлучат да одат на крунисувањето на кралот.
„Мет Гала ќе се одржи неколку дена пред крунисувањето на кралот. Така, може да се случи Хари и Меган да бидат во Лондон како подготовка за историскиот настан“, објаснила Маја.
Посакуваните покани за големиот настан ги испраќа избрана комисија, на чело со Ана Винтур од уредничка во „Вог“, а пропусница заслужуваат само највисоко рангираните ѕвезди на екранот, модата и музиката.
Хари и Меган не се единствените во опасност да не бидат поканети на Мет Гала, семејството Кардашијан наводно е исфрлено од списокот на гости бидејќи Винтур одлучува кој може да присуствува.