Кристина Агилера во поткастот „Call Her Daddy“ на Алекс Купер зборуваше отворено за својот сексуален живот. Таа во разговорот призна дека сака да експериментира, а кажа и дека најлудото место каде што имала секс е во авион и над миксета во музичко студио додека снимала албум.
Кристина Агилера првпат отворено зборуваше за својот сексуален живот, па во разговорот со Алекс Купер откри дека обожава орален секс.
„Сексуалноста е многу специфична работа. Тоа што му се допаѓа на еден маж не значи дека ќе му се допадне и на некој друг.
Затоа е важно да бидете со партнер кој сака да истражува. Но, во целото тоа експериментирање да внесете и интимност. И тогаш сексот е одличен“, рече Агилера.
Агилера зборуваше и за тоа како ја загубила невиноста.
„Јас бев најверојатно последната личност што ја загуби невиноста.
Смешно е со кого го направив тоа. Но, тоа го направив за себе, кога мене ми одговараше и затоа мислам дека тоа е и пораката што ја испраќам преку песните, девојките да знаат што сакаат, а потоа да се впуштат во сексуални активности.
Да, тоа беше многу подоцна од што мислиш, знаејќи дека ја пеев ‘Dirty’ и слично“, вели таа.
Кристина кажа дека поради својата работа и бројните патувања, немала многу време да излегува со други познати личности.
„Не можев да сум со некој што го работи истото што и јас. Знам што се случува кога ќе тргнеш на турнеја. Премногу сум ранлива за тоа“, рече Агилера.