Почина комичарот Герет Ричардс

Комичарот Герет Ричардс почина вчера по страшната сообраќајна несреќа која се случила пред десет дена. Комичарот се борел за живот по несреќата која се случи на 27 март.

Неговата сопруга Лора ја потврди оваа тажна вест за медиумите и пренесе дека Гарет починал поради сериозни повреди на мозокот.

„Со голема тага морам да споделам дека Герет почина на 7 април во 6:30 часот. Чудо е што тој стигна до болницата жив. Лекарите и медицинските сестри беа неверојатни и го одржуваа стабилен под седација. Сепак, последното скенирање покажа дека штетата од повредите е голема и тој почива. Момците се добро“, напишала Лора.

Ричардс имаше 41 година, оставајќи ги зад себе сопругата Лора и две деца. Од Гарет се збогуваат неговите најблиски пријатели, како и бројни колеги комичари.

Scroll to Top