(Видео) Руски лекари му го спасија животот на војник кој бил застрелан во срце од украински снајперист

Воени хирурзи од Централната воена клиничка болница „А.А. Вишневски“ на Министерството за одбрана на Русија, изведоа досега невидена операција и извадија куршум од срцето на наредник кој бил на првата линија на фронот и бил ранет од украински снајперист.

„Наредникот ја подигна левата рака и во тој момент снајперистот го погоди во место каде не беше заштитен со панцир. Куршумот мина низ левото белодробно крило и му ја проби левата комора. За среќа, не ја оштети главната артерија и крвните садови. Со оглед на тоа дека системот на превоз, за ранетите во првата линија на фронотот е добро воспоставен, војникот на време беше пренесен во болница и му беше укажана помош“, рече началникот на Центарот за кардиохирургија на Централната воена клиничка болница Вишнјевски, полковникот на медицинската служба Александар Лишчук.

Операцијата на вадењето на куршумот се одвивала во хибридна операциона сала.

„Срцето му е вратено и работата беше добро сработена. Пациентот веќе од утре ќе може да оди повторно“, рече Лишчук и напомена дека воените хирурзи во болницата, кои работат на првата линија на фронтот, веќе извеле повеќе од стотина слични операции, на вадење куршуми и шрапнели.

Многумина од нив биле блиску до ткивото на срцето и во секој момент се заканувале дека ќе им го прекинат животот на ранетите војници.

 

Scroll to Top