Само три месеци по тешката несреќа, Џереми Ренер (52) со помош на бастун влегол во студиото на Џими Кимел каде зборувал за трауматичниот инцидент што му се случил на Нова година. Ренер бил итно префрлен во болница откако бил прегазен од плуг, нанесувајќи му повреди опасни по живот. Сепак, актерот за кратко време успеал да се извлече и да се опорави.
Џереми сакал да ја спаси својот внук од плугот и во тој момент немал поим што ќе се случи.
„Сакав да скокнам назад врз плугот и да го изгасна, за да не го згази. Тогаш се најдов под него. Беше многу лош почеток на Новата година“, изјави Џереми.
„Скршив околу 35 коски. Како што одминуваше времето, откривавме се повеќе и повеќе скршени коски. Тие биле пронајдени шест недели по несреќата. Имав среќа и среќен сум што сум тука“, рекол актерот.
„Тоа е како огромен, метален ваљак за колачи. Ги пропушти сите пршлени, сите органи, не ми го повреди мозокот, ништо такво не се случи. Око ми беше испакнато, што е необично. Имав голема среќа што не ми ги повреди виталните органи. Единствено што имав беа повреди на црниот дроб, но не беше ништо опасно“, раскажал актерот за деталите од несреќата.
Тој кажа и како се здобил со повреди на белите дробови, а на шега рече дека не е баш лошо бидејќи има нешто друго. Семејството цело време било со него, а актерот по несреќата почувствувал потреба да му се извини на семејството.
„Една работа на која размислував, иако лежев на земја пред да дојде брзата помош по мене, беше какво беше моето искуство. Потоа морав да размислувам за мојот внук Алекс бидејќи тој беше таму цело време и виде се. Морав да ја земам во предвид неговата перспектива и тогаш тоа почна да се случува за целото семејство. Лежев на подот 45 минути и имав време да размислам“, изјавил тој. Џереми открил и дека се сеќава на се, додека не влегол во хеликоптерот кој го однел во болница.
Тој исто така кажа дека многумина мислеле дека тој почина или дека ќе почине. Самиот не бил свесен колку е тешка несреќата, но сфатил откако пријателите почнале да се грижат за него. Тој открива дека во болница лежел една недела.
„Бев во болница една недела, на интензивна нега. Па потоа ме исфрлија. Ми дадоа многу апчиња, а болницата беше во изградба. Тие не беа завршени со делот за интензивна нега кога стигнав таму. Ме ставија во некаков ормар. Немав бања, светлата трепкаа и сите стенкаа како да умрат. Беше како во опседната куќа. Си помислив: „Нема да се опоравам овде. Морам да си одам одовде!’. Оваа недела ќе одам во болница и ќе му се извинам на персоналот“, се пошегувал актерот.