Момче колабираше на голем одмор, а наставниците мислеле дека „глуми мртов“, детето почина

Петгодишното момче по име Ромео падна на игралиштето за време на училишниот одмор. Наставниците не реагираа веднаш оти мислеле дека „глуми мртов“. Но, сетето остана во несвест осум минути, по два дена почина поради проблеми со срцето.

По овој немил настан во Конектикат, Америка, неговите родители поднесоа тужба против градот Вест Хартфорд и училишниот одбор. Според нив воспитувачите можеле да му го спасат животот доколку реагирале порано, се вели во тужбата. 

Наставниците мислеа дека „глуми мртов“, ама по осум минути сфатиле дека не дише.

Во тужбата се тврди дека другите деца им кажале на наставниците за Луис, но тие ги игнорирале нивните предупредувања.

„Кога наставниците сфатија дека Ромео не игра мртов и дека му е потребна итна медицинска помош, веќе беше доцна“. Адвокатот на родителите, Мајкл Чемберс, за Вашингтон пост рече :

„Ние како родители кои секојдневно ги оставаме децата на училиште, имаме одредено ниво на доверба во наставниците и управата на училиштето. И таа доверба сега е нарушена“, вели адвокатот.

Луис почина од синдромот Бругада, ретка болест која предизвикува нарушување на срцевиот ритам. Повеќето луѓе кои го имаат овој синдром не се ни свесни за тоа.

Чемберс вели дека родителите на Луис не ни знаеле дека детето ги има овие проблеми.

 

Scroll to Top