Актерката Ема Вотсон откри дека сите сакале да присуствуваат на снимањето за да го видат бакнежот помеѓу неа и актерот Руперт Гринтом во филмот Harry Potter and the Deathly Hallows: Part II, а признала и дека тоа бил нејзиниот најсрамен момент за време на снимањето.
Две децении откако првпат се појави на екранот, актерската екипа и екипата на Хари Потер повторно се обединија на 20-годишнината од специјалниот „Врати се во Хогвортс“ за да се нурнат во животот зад франшизата за волшебници, пишува Дејли Меил.
Ема Вотсон, која ја глумеше Хермиона, проговори за сцена во која се чувствувала непријатно за време на снимањето на последниот филм од познатата франшиза. Таа потоа мораше страсно да го бакне Руперт Гринт, кој го играше Рон.
Иако фановите долго го чекаа тој момент, тоа не им било пријатно бидејќи како што велат „тие се како брат и сестра“. Имено, тие работеле заедно од 11-годишна возраст.
„Се бакнавме и тоа беше најстрашното нешто што некогаш сум морала да го направам. Не затоа што Руперт не е убав, затоа што има милиони девојки кои веројатно би ја отсекле левата рака за да го бакнат, но тоа едноставно се чинеше како инцест. Само така можам да го опишам“, рекла актерката и додала дека барем можела да ги држи очите затворени, па почетокот на бакнежот бил лесен.
„Најлошо е кога моравме да ги отвориме очите и да се погледнеме. Се смеевме, па не можевме да продолжиме“, раскажала таа, а Гринт исто така се присетил на таа сцена во специјалот.
„Очигледно нашиот бакнеж беше најстрашното нешто низ кое некој од нас мораше да помине“, рекол тој, а колегата Дени Редклиф, кој го играше Хари Потер, призна дека дошол на снимањето само за да го види познатиот бакнеж.