Глумецот Џереми Ренер за првпат по тешката несреќа се појави на црвен тепих. Присуствуваше на премиерата на неговата емисија Rennervations во Лос Анџелес.
Дојде во сино оддело, под кое носеше бела кошула. На премиерата дојде со помош на бастум, а користеше и електрична количка додека зборуваше со медиумите.
До него беше семејството кое целото време беше покрај него и му даваше поддршка во болницата. За потсетување, Ренер на 1 јануари заврши во болница откако го прегази чистач за снег. Глумецот сакал да го спаси внук му и наместо него, тој завршил под неа. Неодамна зборуваше за деталите од несреќата и призна дека многу мислеле дека немало да се извлече. Сепак, четири месеци по несреќата, успешно се опоравува.