Тијана Дапчевиќ со синот Вук замина на велигденски одмор во Хургада, Египет. Не е тајна дека си поминува убаво, но и дека има смисла хумор и знае да се шегува на своја сметка.
Таа објави и неколку видеа како си поминува. „Прв ден во Хургада. Сликал и снимал Вук“ – пишува Тијана.
„Браво за снимката, за убавата жена и за стајлингот“, „Без филтер и без фолирање“, „Преубава и презгодна жена“ – се само некои од комплиментите на сметка на нејзиниот совршен изглед.
Тијана пак направи шега на своја сметка за фотките во костим за капење, па вели : „ Прасица во акција“.