Популарниот ИТД бенд од осумдесетите години го објави новиот албум „Орелот никогаш не лета во јато“. Во бендот некогаш настапуваа гитаристот Алберт Ли и музичарите Бранко Богуновиќ Пифа, Мате Дошена, Федора Боиќ, Бранко Кежелеа-Џула, Мирослава Буданка, Дарир Липошека.
Новиот албум е со оргиналниот пејач Бранислав Бекиќ, а на него работеше Мирослав Рус, кој соработуваше со Тоше Проески, Тони Цетински, „Црвена јабука“, Жељко Бебек, Здравко Чолиќ и други.
На албумот се наоѓаат дванаесет нови композиции. Рус рече дека овој нов албум е всушност почеток на второто полувреме на бендот. Посебниот гостин на албумот е Тони Цетински, кој пее во дует со бендот во насловната песна.
За потсетување, ИТД во осумдесетите беа познати со песните „Соња”, „Лагано умирем (у твом сечању)”, „Елена”, „Роџен у Загребу”, „Градске цуре”, „Скидам те погледом”, „Војничка“ и многу други.