Откако ја објави песната „Аман, аман“, Слаткар наиде на критики од јавноста заради лезибиската сцена во која две девојки се бакнуваат во видеото. Во неодамнешно интревју за Репортер, тој ни ја раскажа приказната како настана спотот, но и дека е имун на критиките во јавноста.
„Не мислев дека ќе поттикне говор на омраза. Песната нема врска со спотот, ама е направена за несреќни врски. Знам дека сме затруено општенство, но не очекував да биде кој знае што. Пред да го направам спотот запознав девојка која ја избркале од дома затоа што кажала дека има девојка. Светот ѝ беше срушен. Јас не знам која е таа причина што може да ме натера да го избркам детето од дома, особено во случај ако не ми се допадне неговиот љубовен избор. Сакав само да покажам дека стојам на човечката страна на историјата. Тоа го имам направено од емотивни причини, немам буквално друга причина освен да се водам од моите емоции, кои мислам дека се коректни и мислам дека сум направил човечки потег. Страшно е тоа што сме никакви како држава во овие 30 години. Живееме во место во кое правиме нешто за кое ни е поважно што мислат другите за нас, отколку самите ние“, ни рече неодамна Слаткар во интервју за Репортер.
За спотот со лезбиската сцена имаше негативни коментари од типот : Очекуваме следна песна со Азис и настап во Софија. Лаеше и уште лаеш по Панчо и ДНК за тоа како биле изведувачи за 100 евра, но за разлика од тебе, тие си го сочуваа стилот и моралот, па сега се далеку пред тебе. Респект до стариот Марко, кој ми беше идол. Овој денес е нула“, му пишуваа по објавата на спотот.
За ова пак Слаткар вели дека можеби не е музички среќен што не го погодил вкусот за некои, но е среќен затоа што направил нешто што смета дека е правилно. Запознал човек на кој му е срушен светот, само затоа што сакал нешто што не им се допаднало на другите.
„Останав во контакт со девојката, но не мислам дека сум ѝпомогнал, немав ни во план да помогнам. Само сакав да застанам во одбрана на послабиот, па макар и да сам се борам таму“, рече Слаткар и додаде дека и тој како млад имал фобии и предрасуди, но дека сега му е жал заради тоа.
„Јас само сакам да покажам дека имам чувства и емоции, а таа приказна ме дрмна и ми беше криво за девојката“, рече Слаткар.
За потсетување, Слаткар деновиве ја објави и најновата песна „Насмевка“, која веќе подолго време ја најавуваше за својот син. Тој му ја подари на Моша за неговиот третти роденден. За Моша рече дека бил палаво дете и дека можеби физички изгледал како него, но по карактер целиот бил на мајка му Сања.
Редакција Репортер