Величествено за Велигден во манастирот Св. Јован Бигорски

Со ѕвоната на камбаните и велигденски песни во Манастирот Св. Јован Бигорски голем број верници го дочекаа светиот благодатен оган Ерусалим.

Со пасхални свеќи во рацете кои изгледаа како факели, чекаа да се подели светиот оган. Беше величествено.

За потсетување во сите православни храмови во земјава на полноќ утрово се одржаа воскресенски литургии по повод најголемиот христијански празник Велигден, Христовото воскресение.

Годинава за прв пат македонска делегација присуствуваше на официјалната церемонија на преземање на Светиот Благодатен оган во Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим и лично од Ерусалимскиот патријарх го преземаа Благодатниот оган и го донесоа во земјава.

Scroll to Top