Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга Маја го прославија големиот празник Велигден заедно со нивното семејство.
Иванов објави фотографија со внукот кој го носи неговото име, како се кршат со велигденски јајца додека малиот Ѓорѓе седи пред корпа со црвени јајц.
„Велигден е празник на надежта, љубовта, радоста и почеток на новиот живот. Нека овој најсветол и најголем христијански празник донесе многу радост, здравје, благосостојба и духовен мир. Христос воскресна. Навистина воскресна“, напиша Иванов.
Ова е прв Велигден за малиот Ѓорѓе кој се роди лани на 4-ти април. Иван и неговата сопруга Јана лани во октомври направија свадба во познат скопски хотел на која имаа околу 600 гости.