Навивачката група Комити ќе им даде финансиска помош на фудбалерите на Вардар, бидејќи клубот и покрај ветувањата, не им ги исплатил платите.
„По натпреварот против Гостивар, дознавме дека директорот на клубот, Слободан Крстевски – Цобе, на фудбалерите не им ги исплатил ветените мининални финансии. Човекот кој во секој сегмент ја изневери нашата и довербата на фудбалерите, нема да го коментираме. Не е достоен за коментар“, стои во соопштението на навивачката група Комити.
„Знаеме дека тоа не е доволно, дека заслужуваат повеќе, но е искрен гест, со кој јасно порачуваме дека нивната болка е и наша болка. Приходот од продадените билети, решивме да ги искористиме на овој начин, велат од навивачката група“, информираат од навивачката група Комити.