(Видео) НАСА сними огромно торнадо на Сонцето

Опсерваторијата за соларна динамика (SDO) на НАСА сними огромно огнено торнадо на површината на Сонцето во средината на минатиот месец. Изгледот налик на торнадо почна да се формира на 14 март и за неколку дена експлодираше, исфрлајќи плазма во пространоста на вселената.

„Оваа виртуелна колона од плазма висока како 14 Земји заврна на Сонцето дожд од вжештен материјал со големина на Месечината“, вака го опиша настанот астрофотографот Ендру Мекарти, кој исто така поминал неколку часа снимајќи го торнадото со соларен телескоп. Овој прекрасен спектакл не претставуваше никаква закана за Земјата. Тоа е последниот во серијата зачудувачки, но главно безопасни настани на Сонцето, кои зачестија неодамна кога нашата ѕвезда се приближува до врвот на својот 11-годишен соларен циклус.

Магнетната структура што го предизвика ова торнадо е всушност многу поголема од она што го гледаме.

„Филаментот е огромна, извиткана магнетна структура над површината на Сонцето која може да остане таму со месеци“, изјавил за „Бизнис Инсајдер“ физичарот Метју Овенс од Универзитетот во Ридинг во Велика Британија.

Сонцето е огромна топка од запален гас и плазма која се состои од врели, наелектризирани честички. Кога се движат околу Сонцето, тие создаваат магнетни полиња кои еруптираат низ површината на Сонцето во форма на филаменти.

За разлика од ракетите кои се фрлаат во вселената, филаментите се „закотвени“ за ѕвездата, односно не се одвојуваат од неа.

 

Scroll to Top