Ракометарка се фрли од осми кат во Русија

Дваесет и деветгодишната ракометарка Викторија Дивак се фрли од прозор од осмиот кат, пренесоа руските медиуми. Била најдена мртва во понеделникот, а починала пред да дојде итната помош, велат службите кои додадоа дека истрагата е во тек.

Викторија кариерата ја почна во Динамо Волгоград, тим со кој го освои првенството во Русија. Има настапувано и за Кубан Краснодар. Во Германија за Хал Нојштад, а во Франција за Ахен. Во Белорусија ја освои титулата со Гомел, а во оваа земја освои и два купа.

Како јуниор во 2009 година ја освои европската титула со Русија. Потекнува од спортско семејство. Татко ѝ Виктор Дивак бил фудбалер кој нстапувал за Ротор од Сталинград и Торпедо од Волзски. 

За нејзиниот досегашен тим Астраханочка, играла од 2021 година, а последниот натпревар го одигра на 2 април против Ростов на Дон.

 

Scroll to Top