Српскиот пејач Аца Лукас и хрватската пејачка Северина снимија дует. Пејачот за Екстра ФМ не сподели детали кога песната ќе биде премиерно изведена, но рече дека е одлична.
Аца Лукас на 13-ти мај ќе одржи концерт во Загребската Арена.
„Снимивме навистина убава песна, не знам кога ќе излезе, но супер е, снимена е иако сеуште нема име, би било глупаво да ви кажам како се вика сега. Тоа е одлична песна, навистина е хит, навистина е добра“, изјавил Лукас.
Тој рекол и дека неговиот концерт во Арената во Загреб е првиот вистински организациски концерт и дека за прв пат почувствувал еуфорија за концерт. „Сите што ќе дојдат нема да зажалат што дошле ни малку, а сите што нема да дојдат на концертот, а имаат некој што бил, кога ќе им каже како било – ќе зажалат“, рече тој.
Аца Лукас откри и дека има една неостварена желба која до сега никому не ја кажал, а тоа е да настапи во Пула, местото каде градоначалникот Филип Зоричиќ ги забрани фолк пејачите, односно концерт на Душко Кулиш, Ана Бекута и Драган Којиќ Кеба.
„Таму би можел да настапам, но навистина треба да биде настап достоен за такво место. Не со ова лудило што го создаваме, туку музиката ја интерпретирам на многу начини и можам многу работи да донесам на такво место, за да не бидам препотентен“, рекол тој.