Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот вечерта е виден како пее низ улиците на Париз по неговиот говор за пензиските реформи. Беше во друштво на сопругата Брижит со која се сретнаа со група млади луѓе. Макрон пееше со нив песна која многу му се допаднала.
Видеото е споделено на страната на „Фејсбук“ Projet Canto, група посветена на зачувување на традиционалните песни, а претходно беше на удар на критики за нудење снимки на песни од ерата на нацистичка Германија пренесе британски „Телеграф“.
Некои се сомневаа во авентичноста на видеото и велат дека е лажно и направено со вештачка интелегенција, но лица блиски до претседателот потврдија дека е вистинско. За потсетување говорот на Макрон, предизвика голем револт кај луѓето по што се случија масовни протести, штрајкови и немири.
🤮France’s President Macron seen singing in the streets after pension reforms address pic.twitter.com/rAuHQjWeVH
— Truthseeker (@Xx17965797N) April 18, 2023