Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо објави фотографија од сауна на која ја покажа како го опоравува телото и се подготвува за нов спортски предизвик.
На фотографијата Роналдо ги покажа и лакираните нокти на неговите нозе.
„Дали нешто пропуштив или никој не забележа? Дали тоа Роналдо си ги лакира ноктите“, коментираат фановите на фудбалерот.
Додека многумина се прашуваа зошто славниот фудбалер го прави ова, пристигна објаснување. Тоа е многу практичен и корисен трик што го користат ММА борците за да спречат појава на бактерии и габи на ноктите бидејќи нивните стапала се изложени на долг престој во чевли и во влажна средина.
Како што изјавил изворот за Билд, спортистите ги фарбаат ноктите или ги покриваат со заштитен слој за да спречат појава на габи и бактерии, но и да спречат повреди.
„Многу врвни спортисти го практикуваат ова бидејќи со часови се во влажни и испотени чевли. Дури и Мајк Тајсон го практикуваше ова“, изјави изворот за Билд.
Се тврди дека слојот на заштита на ноктите им помага на спортистите да го спречат пукањето на ноктите. Дополнителниот слој на ноктот го минимизира ризикот од оштетување на ноктите при удар, пренесува Sportbible.
Eagle-eyed fans spot and wonder why Cristiano Ronaldo paints his toenails black as he is pictured enjoying some downtime in the sauna.
Apparently there’s a practical reason why he, and MMA fighters, do so – it’s to prevent fungi and bacterial infections.#seanknows pic.twitter.com/PJENsqTWrH
— Sean Cardovillis (@seancardo) April 17, 2023