Македонка освои бронзен медал на Европската математичка олимпијада во Словенија

Македонските учесници на Европската женска математичка олимпијада освоја бронзен медал и пофалници. Олимпијадата се одржува во Порторож, Словенија од 13-ти април.

Ученичката Емилија Николовска освои бронзен медал, а од олимпијадата со пофалници се вратија Ивона Зикова и Миша Веселински, а успешно претставување имале и Сара Тошевска. Свечената церемонија за доделување на наградите треба да се одржи вечерва.

Македонскиот состав го предводеше професорката Анета Гацовска-Барандовска заедно со Ерблина Зеќири кои се од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Николовска, Зикова и Тошевска се ученици во Математичко-информатичката гимназија од Скопје, а Веселниски е втора година во „Јахја Кемал – Скопје“.

Scroll to Top