Цеца потрошила половина милион за породувањето на Богдана

Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана се породи пред два дена. Го доија синот Крстан, а Цеца Ражнатовиќ наводно платила 616.000 динари или околу половина милон за породувањето. Пејачката се погрижила снаата да ја има најдобрата нега во болницата.

„Цеца избра приватна клиника каде само породувањето чини 450.000 динари. Тоа, сепак, не е целиот трошок, бидејќи за еден ден што Богдана и малиот Крстан го минаа на интензивна нега, платила уште 38.000 динари, а доколку останат уште четири дена во породилиште, како што планираат, ќе одвои уште 128.000 динари“, рече извор близок до Цеца.

За потсетување, семејството истата вечер направи голема веселба на која дојдоа голем број познати фаци. Меѓу гостите беа и Вики Милјковиќ, Маријана Матеус, Александра Младеновиќ, Сања Папиќ, Жика Јакшиќ, Марко Николиќ Марина Висковиќ и многу други.

 

Scroll to Top