Плус сајз манекенката Ешли Греам според магазинот Maxim е најсексипилната жена во 2023 година. Maxim секоја година објавува листа од најзгодни 100 жени во светот. На списокот овој пат се најдоа девојки од индустријата на забавата, спортот и поп културата.
„Ешли Греам е кралица на облините, претставува вистинско освежување во модната индустрија. Таа не е само модел, таа е движење. Ешли не потсети дека тајната не е само да ги прифатите вашите облини, туку да се прифатите себеси такви какви што сте. Таа е уметничко дело кое оди. Ако Ботичели беше денес жив, таа ќе беше неговата Венера“, напишаа уредниците од магазинот.