Ѕвездата на „Беверли Хилс, 90210“, Шенен Доерти (52) поднесе барање за развод од Курт Исвариенко. Барањето го поднела во петокот, а нивниот брак завршил по 11 години.
Разводот го потврди нејзината претставничка Лесли Слоун за USA Today.
„Разводот е последното нешто што го посакуваше Шенен. За жал, таа чувствуваше дека нема други опции. Можете да контактирате со агентот на Курт, Колиер Грим, бидејќи таа е интимно вклучена во ова, накратко рече таа, со што сугерираше дека причината за разводот е друга жена.
Во петокот, Шанен објави фотографија на Инстаграм на која пишува:
– Единствените луѓе кои заслужуваат да бидат во вашиот живот се оние кои ве третираат со љубов, добрина и целосна почит.
Според TMZ, Шанен и Курт се разделени од јануари, а како што кажуваат извори, актерката поминува низ многу тежок период. Здравјето и е полошо, а не и помогна ниту разводот. Патем, на Доерти и беше дијагностициран рак на дојка во четврта фаза во 2020 година. Таа еднаш изјави за списанието People дека поради ракот, и го зацврстил бракот “Ракот не направи посилни“, изјави тогаш таа .