Вистинска еуфорија се сличи викендов во велшкиот град Рексам, каде фановите на клубот на глумецот Рајан Рејнолдс, славеа победа и пласман во четвртата англиска лига. Клубот на Рејнолдс, Рексам го победи Борхем Вуд со 3:1 и избори пласман во посилната англиска лига.
Покрај Рајан Рејнолдс, Рексам е во сопственост и на глумецот Роб Мекелхени, со чија помош и поддршка по цели 15 години се пласираше во Лига 2. Со нив натпреварот против Борхем го гледаше и ѕвездата на „Човек мравка“, Пол Рад. По натпреварот тројцата го славеа големиот успех на клубот.
„Можеме да слушнеме како се чувствува градот сега. Мислам дека се случува катарза“, рече Мекелхени.
Клубот е основач во 1864 година и е шестиот најстар фудбалски клуб во светот и трет во професионалниот фудбал. Поради финански долгови беше во ризик и да пропадне.
Сè до пред десетина години клубот беше во сопственост на фановите, а од пред повеќе од две години, Рејнодлс и Мекелхени, на нивна голема радост испратија понуда за да го купат. Глумците ветија дека имаат намера клубот да го направат светски, па зделката ја комплетираа во февруари 2021 година.
Снимија и документарна серија „Добредојдовете во Рексам“.
„Луѓето во почетокот ме прашуваа, зошто баш овој клуб. Мојот одговор беше токму поради ова што се случува во моментов“, рече Рејнолдс додека прославуваше со фановите.