(Галерија) Во домот на Тончи и Вјекослава Хуљиќ: доминантна бела боја, музички инструменти и семејни фотографии

Славната хрватска двојка, Тончи и Вјекослава Хуљиќ се во брак повеќе од 30 години, но се познаваат уште од основно училиште. И двајцата пораснале во Сплит, каде што е роден Тончи, а Вјекослава уште кога била дете се преселила таму со родителите од Томиславград. Целиот живот парот го изградиле во градот под Марјан.

Тие се венчале во 1987 година и заедно ги имаат двете деца, синот Иван и ќерката Хана која е во брак со хрватскиот пејач Петар Грашо со кој ја има ќерката Лана.

Децата пораснале и се осамостоиле, а Тончи и Вјекослава останале сами во својот дом во центарот на Сплит.

Во домот на семејството Хуљиќ доминира белата боја и многу детали посветени на музиката и нејзиното создавање, семејни фотографии и многу светлина. Тончи во домот има и свое музичко студио, додека Вјекослава еднаш откри дека таа е всушност глава на куќата.

„Ги чувам сите четири кантони во нашиот дом, од првиот ден на бракот. Тончи е старомоден далматинец кој не готви, не оди во кујна, не плаќа сметки“, изјавила Вјекослава за „Слободна Далмација“.

Фото:Дневник.хр/ Шоубиз/ Саша Буриќ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top