(Видео) Парцела со песок во Дубаи продадена за 30 милиони евра

Парцела песок на островот Џумеира Беј во Дубаи, чини милиони, пишува „Блумберг“. За песок од празна песочна плажа со површина од околу 2.000 квадратни метри, едно лице во Дубаи било подготвено да плати 125 милиони дирхами или 30 милиони евра.

Споменатата парцела е всушност вештачки остров во облик на морски коњ, кој е далеку од копното, но е поврзан со мост.

„Тоа се 30 милиони за песок“, изјавил Ендрју Камингс, шеф на агенцијата за недвижнини Најт Френк во Дубаи, додавајќи дека продажбата го соборила рекордот.

„Досега медиумите споменуваа продажба на спектакуларни вили и неверојатни пентхауси, но ова е навистина голем рекорд за еден куп песок“, рекол тој.

Камингс објаснил дека имало само 128 места за продажба на островот Џумеира Беј, од кои сите биле распродадени пред неколку години.

За истиот простор претходниот сопственик пред две години платил 36,5 милиони дирхами (девет милиони евра), а вредноста на песокот во меѓувреме пораснала. Новиот сопственик, кој не живее во Обединетите Арапски Емирати, наводно планира да го искористи просторот за изградба на семејна викендица.

 

Scroll to Top