Ана Бекута ќе настапи на „Фолк фест Валандово“, 32 години откако ја испеа „Стариот Џумбушлија”

Српската фолк пејачка Ана Бекута доаѓа во Валандово и ќе настапи на традиционалниот фолк фестивал „Валандово 2023”. Таа ќе пее на градскиот плоштад на втората вечер од манифестацијата, која ќе биде на 27. мај. Вечерта свои настпи ќе имаат ќе имаат и Ефто Пупиновски и Куку Леле. За Бекута „Фолк фест Валандово“, е посебно важен затоа што во 1991 година на фестивалот таа ја отпеа „Стариот Џумбушлија”, песна кој стана хит и која и денес се слуша.

Наредната година, песната беше прогласена за најслушана. А, дури по 24 години од нејзината изведба, Бекута доби признание, од уредничкиот тим на фестивалот, кое и беше врачено во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Во  една прилика откри дека  никогаш не добила ниту денар за емитување на песната „Стариот џумбушлија”, но за неа тоа не било важно, туку и значела поддршката од публиката.

Бекута ја почна кариера во 1980 година и зад себе има голем број на популарни песни.

Scroll to Top