Момче во Белград скокна од трамвај во движење поради предизвик на Тик ток. За среќа останало неповредено. Видеото кое за брзо се сподели на социјалните мрежи, преизвика реакции кај голем број луѓе, а најмногу родителите. На видеото се гледаат две момчиња како се возат закачени за задниот дел од трамвајот.
Пишуваат дека некој можел да наиде и да го убие и дека немало да биде одговорно детето, туку возачот кој ќе морал да живее со тоа целиот живот. Повторно би се удирало по државата и јавниот превоз како и обично, веќе видено досега. Родители, гледајте ги подобро децата пред да биде предоцна.
„Наместо децата да имаат играчки, тие имаат мобилни телефони и социјални мрежи, затоа стигнавме до каде што сме, сè се прави спротивно од тоа како треба. Полесно е да го турнете телефонот во рацете на детето отколку да го насочите кон други работи“, коментирале загрижени родители.
View this post on Instagram